Со три погодоци на трите мартовски натпревари Александар Трајковски е најдобриот македонски стрелец низ досегашниот тек од квалификациите за СП 2022.
За Трајковски, по преспиенета ноќ во Дуисбург, ништо од овие резултати на националниот тим не се случајни затоа што, како што вели, за да се стигне до ова се минува низ еден долготраен процес.
„Пресреќен сум за победата која ја остваривме заедно. Ова е голем успех за цела Македонија. И до тука не е лесно да се создаде една ваква репрезентација, со победнички менталитет, која може да се надигрува буквално со секого. Не знам како може да ја опишам мојата радост по триумфот над еден тим со толку многу освоени светски и европски титули. Сето тоа ни носи еден огромен мотив за понатаму“ – вели Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА