Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа убедлива победа од 33-21 над Младост Богданци и осигураа пласман во финалето од квалификациската група за Ф4 од Купот на Македонија. Таму „пелистерци“ за ривал ќе го имаат Пролет, откако скопскиот суперлигаш во првото полуфинале од групата го совлада Прилеп.
Гостите од Богданци сосема солидно парираа во првото полувреме во кое домаќините имаа само два гола предност (14-12). Сепак, искуството и квалитетот на битолските „фармацевти“ дојде до израз во второто полувреме, во кое Пелистер успеа резултатски да се одлепи и на крајот да слави двоцифрена победа. Радовиќ со шест гола беше прв стрелец на победничкиот тим, а по четири пати мрежата на Младост ја затресоа Петровски, Мандалиниќ и Мараш.
Најефикасни во таборот на Младост беа Караиванов и Лашчакау со по шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА