Десет години подоцна: Агуеро ќе стрела за Челси?!

Серхио Агуеро по десет години настап во дресот на „граѓаните“ и дефинитивно ќе ги промени клупските бои. Договорот на искусниот Аргентинец со Манчестер Сити истекува ова лето, а и покрај интересот на Барселона, се очекува Агуеро да остане во Премиерлигата каде како главен фаворит за негвоиот потпис се јавува Челси.

„Сините“ од Лондон беа блиску до потпис со напаѓачот летото 2011 година, на крајот пресуди побогатата понуда од „граѓаните“, но сега Роман Абрамович е пред остварување на својата децениска желба, објавуваат медиумите на „Островот“.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ години наназад се мачи да го најде правиот напаѓач, Оливие Жиру е веќе во изминати години, Абрахам и Вернер не играат на врвна форма во континуитет, а најголемата желба на Русинот, Ерлинг Халанд се наоѓа пред потпис со Барселона.

Идеалното решение во овој поглед е искусниот Аргентинец кој со своите 32-години носи преголемо искуство, кое може да биде клучно во походот на Челси кон титулата во домашното првенство, но и враќање во финалната фаза од Лигата на Шампионите.

Се вчитува...