Брегалница и Тиквеш во исто темпо и на исто бодовно растојание продолжуваат во Втората лига – Исток, откако во 21. коло триумфираа против Победа односно Плачковица на домашен терен.
Брегалница со 3-1 славеше против Победа со головите на Мартин Стојанов во 7. минута и Дарко Додев во 16. и во 41. минута. Стрелец за Победа беше Грозданоски во 35. минута.
Тиквеш, пак, убедливо со 4-1 ја победи Плачковица. Два гола постигна Ристе Темелков, а по еден Едис Спахиу и Филип Костовски.
Кит Го го победи Росоман со 2-1, со головите на Тони Мичковски во 10. минута и Александер Борха Кордоба во 14. минута.
Каменица Саса со голот на Сашо Дуков во 42. минута славеше против Слога Виница.
Минимално со еден гол триумфираше и Осогово но на гостувањето против Кожуф. Стрелец на победничкиот гол за кочанци беше Благој Истатов во 85. минута.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (21. КОЛО)
Каменица Саса – Слога Виница 1-0
Брегалница – Победа 3-1
Тиквеш – Плачковица 4-1
Кит Го – Росоман 2-1
Кожуф – Осогово 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА