Скопје славеше против Тетекс со 2-1 во 21. коло од Втората лига – Запад, цврсто одржувајќи ја предноста на врвот од табелата која се поизвесено го води кон Првата лига.
Охрид и покрај предноста на полувремето од 1-0 со голот на Бурхан Алији во 42. минута, не успеа да дојде до триумф против Кораби, откако гостите израмнија со голот на Рихан Зеќири во 55. минута.
Велешта ја победи Дрита со 2-1 благодарение на голот на Христијан Малески во 71. минута. Претходно Клечкароски ги доведе домашните до предност со 1-0 во 16. минута, а Валон Зеќири во 27. минута израмни за Дрита.
ВТОРА ЛИГА – ЗАПАД (21. КОЛО)
Скопје – Тетекс 2-1
Охрид – Кораби 1-1
Велазерими – Кадино 1-1
Велешта – Дрита 2-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА