ЖРК Куманово продолжува со одличните партии во домашната Суперлига, откако денеска лесно славеше на гостувањето кај Овче Поле со 23-41. Кумановки уште од стартот нагазија и веќе на полувреме имаа предност од 11-22.
До крајот на натпреварот само рутински ја завршија работата за конечни 23-41. Ангела Јанкуловска со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените се истакна Елена Вучевска со шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА