По денешниот пораз од Ренова во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига, Шкупи се одлучи да се раздели со тренерот Хасан Озер.
Иако се уште неофицијално, информациите од чаирскиот прволигаш говорат дека Шкупи веќе му врачил отказ на Озер кој не успеа да ги исполни очекувањата.
Шкупи е веќе на негатива од десет бода, губејќи ја во голема мера трката со Шкендија за шампионската титула. Наредниве денови се очекува одлуката од клубот околу тоа кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА