Ѓока: Оваа победа е за Лазим Дестани

Шкендија со победата над Силекс од 2-1 направи крупен чекор напред кон освојување на шампионската титула, посебно и по киксот на Шкупи на дуелот со Ренова.

Шефот на стручниот штаб Ернест Ѓока не го криеше по мечот задоволството од желбата и ангажманот кај своите фудбалери да дојдат до трите бода.

„Знаевме дека ќе биде тежок дуел со Силекс, затоа и определбата беше што повеќе да напаѓаме како би се создале можности за погодок. Многу важна е победата на првиот натпревар по паузата. Создадовме многу шанси, но мора да кажам дека нијанси одлучуваа околу победата. Бевме поподготвени и повеќе го сакавме триумфот“ – вели Ѓока, испраќајќи и порака до сопственикот на клубот.

„Сакам да ја пренесам мојата но и пораката на фудбалерите по овој меч. Ова е победа за господинот Дестани, кој поради пандемијата е далеку од нас, но знаеме дека секогаш е тука за што треба за нас. Оваа победа е подарок за човекот кој безрезервно ја поддржува Шкендија“ – истакнува Ѓока.

Се вчитува...