Пеколен распоред за МЗТ Скопје: Во следните 20 дена ќе одигра – 10 средби!

Април месец ќе биде витински „пекол“ за кошаркарите на МЗТ Скопје, во кој, ако сѐ биде според предвиденото и ако успеат да ја минат првата рунда од плејофот во АБА2, ќе одиграа неверојатни десет средби во само – 20 дена.

Причина за ваквиот неверојатен распоред за тимот е Аеродром се многуте одложени натпревари во текот на досегашниот дел од сезоната поради настапите на четирите „балони“ од регионалното натпреварувањ, како и поради проблеми со коронавирусот. Токму поради ова, односно поради позитивните тестови на тренерот Дарко Радуловиќ и капитенот Дамјан Стојановски и можноста да има други заразени во тимот, беше одложено синоќешното дерби на „металците“ против Пелистер.

Според планот за доигрување на регуларниот дел од сезоната на новиот комесар Александар Милојевиќ, од утре или задутре, па сѐ до 18 април, МЗТ Скопје ќе ги одмери силите на шест домашни средби и тоа против Гостивар (6 или 7 април), Куманово (8 или 9 април), Пелистер (10 или 11 април), Работнички (13 или 14 април), Вардар (15 или 16 април) и против ТФТ (17 или 18 април). Тука доаѓа време за одмор за сино-белите од „Јане Сандански“ туку следува пат кон Подгорица на финалниот турнир од АБА2, каде што на 20 и 22 април ќе ги одиграат двете четвртфинални средби со Младост Земун. Триумф над српскиот претставник би им донел уште два меча до крајот на месецов, против подобриот од дуелот помеѓу Студентски Центар и Слобода Ужице и тоа на 24 и на 26 април. Со пласман во големото финале од АБА2 би дошол и првиот подолг одмор, со оглед што двете пресметки за трофејот и место во јадранската елита би биле на 4 и на 6 мај.

Слично пеколен распоред, со нешто помалку натпревари, ќе има и Работнички, чии кошаркари до крајот на месецов дури осум пати ќе истрчат на паркетот. Центарци добија олеснување со укинувањето на Плејаут-лигата во АБА2, но затоа не беа „помилувани“ од комесарот Милојевиќ, па од (зад)утре до 29 април ќе одиграат осум досега одложени меча. Црвено-белите од „Градски парк“ во овој период ќе ги одмерат силите со Куманово (6 или 7 април), ТФТ (8 или 9 април), МЗТ Скопје УНИ Банка (10 или 11 април), МЗТ Скопје (13 или 14 април), Гостивар (15 или 16 април), Вардар (21 април), Црн Дрим (25 април) и уште еднаш со МЗТ Скопје УНИ Банка (29 април).

Според планот на комесарот, сите одложени натпревари би се одиграле најдоцна до 7 мај, по што би почна одигрување на плејофот и тоа во три посебни „балони“ во организација на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ).

РАСПОРЕД ЗА ОДИГРУВАЊЕ НА ЗАОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ

6-7.КОЛО (6/7 АПРИЛ)

Работнички – Куманово 2009

Гостивар – МЗТ Скопје Аеродром

8-9 КОЛО (8/9 АПРИЛ)

ТФТ – Работнички

Куманово 2009 – МЗТ Скопје Аеродром

Еуро Никел 2005 – Кожув

9-10-22 КОЛО (10/11 АПРИЛ)

МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Кожув – Куманово 2009

МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (одложен натпревар од 04.04.2021)

5-12 КОЛО (13/14 АПРИЛ)

МЗТ Скопје Аеродром – Работнички

Еуро Никел 2005 – Куманово 2009 (одложен натпревар од 31.03)

13-14 КОЛО (15/16 АПРИЛ)

Работнички – Гостивар

Пелистер – ТФТ

МЗТ Скопје Аеродром – Вардар

15-18 КОЛО (17/18 АПРИЛ)

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром

Црн Дрим Грин мобиле – Куманово 2009

16 КОЛО (21.АПРИЛ)

Работнички – Вардар

19. КОЛО (25.АПРИЛ)

Црн Дрим Грин Мобиле – Работнички

16 КОЛО (27.АПРИЛ)

МЗТ Скопје Аеродром – МЗТ Скопје Уни Банка

19-20 КОЛО (29.АПРИЛ)

Еуро Никел 2005 – МЗТ Скопје Аеродром

ТФТ – Навико Академија ФМП

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка

20-21 КОЛО (5.МАЈ)

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово 2009

Гостивар – ТФТ

Пелистер – Работнички

21-22 КОЛО (7.МАЈ)

Црн Дрим Грин мобиле – МЗТ Скопје Аеродром

Вардар – Куманово

Се вчитува...