Ракометарките на Македонија пред голем предизвик – Романија го најави најсилниот состав со кој ќе настапи во баражот за СП

Адриан Василе, селекторот женската ракометна репрезентација на Романија, го соопшти списокот на ракометарки кои ќе ѝ се спротистават на Македонија во баражот за следното Светско првенство кое се игра во Шпанија.

Во својот состав од 20 ракометари, Василе ќе смета на првата ѕвезда Кристина Неагу, а тука се и одличните Думанска, Деду, Пинтера. Лесло.

Првиот натпревар меѓу Македонија и Романија се игра на 17 април во Букурешт, а за четири дена подоцна е закажан реванш дуелот во Скопје.

Составот на Романија за домечот со Македонија:

 

Се вчитува...