Северна Кореја е првата држава што се откажа од настап на Олимписките Игри во Токио кои ќе се одржат во текот на летово. Министерството за Спорт на Северна Кореја денеска ја соопшти ваквата одлука, како причина наведувајќи ја заштитата на спортистите од коронавирусот.
Корејците тврдат дека немаат ниту еден заразен од Covid-19 во државата, па патување наа нивните спортисти и враќање назад во Северна Кореја може да предизвика нов бран. Поради ова, државниот врв донел одлука Северна Кореја воопшто да не биде дел од најмасовниот спортски настан.
Олимписките Игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август, се најавуваат строги безбедносни и епидемиолошки мерки, но не се исклучува можноста уште некоја држава покрај еверна Кореја да го откаже учеството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА