Александар Васоски го препороди составот на Академија Пандев по преземањето оваа пролет. Круна на одличните настапи во првенството изминатиов период беше и денешната победа против Македонија ЃП во Ѓорче Петров за пласман во финалето од Купот на Македонија.
За само четири дена, „пандевци“ двапати ги победија „лавовите“ што, како што нагласува Васоски, е огромен успех за тимот и награда за се што работат фудбалерите изминатиов период.
„Пласманот во финалето е награда за целиот ангажман на фудбалерите оваа пролет. Финалето во Купот е голем успех во натпревар во кој сосема заслужено победивме, и покрај тоа што останавме со играч помалку. Мора да им се честита на фудбалерите за максималната борба и ангажман на терен кои не донесоа до триумфот, низ еден навистина тежок натпревар“ – вели Васоски.
Академија Пандев во финалето од Купот ќе се соочи со победникот од утрешниот втор полуфинален натпревар меѓу Струга ТЛ и Силекс кој од 13 часот се игра во Струга.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА