Кратовски Силекс ќе игра во финалето од Купот на Македонија против Академија Пандев, откако во полуфиналната пресметка на гостувањето против Струга Трим Лум славеше со 0-1.
Стрелец на единствениот гол за кратовци беше Каракамишев во 81. минута по центаршутот од слободен удар на Ристов…
Претходно, по мирниот почеток на натпреварот, во 26. минута регуларен гол имаше за Силекс кој го постигна Пепи Ѓорѓиев, но судиите го поништија поради наводна офсајд-позиција.
Во 58. минута одлична шанса имаше Клисман Цаке кој на вториот дирек, по центаршутот од левата страна, одлично се обиде со глава, но гостинскиот голман одбрани на самата гол-линија.
Стружани потоа повторно доминираа на теренот, но сепак по уште неколку нереализирани шанси на крајот следеше казната од Силекс со голот на Каракамишев.
Финалето од Купот на Македонија меѓу Академија Пандев и Силекс се игра на 19. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА