Бугарскиот прволигаш Ботев од Пловдив дојде до повеќе од значајна победа во битката за опстанок во бугарскиот шампионат, благодарение на голот на македонскиот интернационалец Мите Цикарски.
Цикарски погоди во 78. минута од средбата за триумф од 1-2 на Ботев на гостувањето против Ботев Враца.
Цикарски настапи до 85. минута од средбата, а во тимот на Ботев Враца последниот половина час од дуелот го одигра и Доријан Бабунски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА