УЕФА потврди: Ќе има публика на средбите на Македонија на ЕВРО 2020

Македонските фудбалери ќе имаат поддршка од илјадници верни навивачи на секоја од трите средби што „црвено-жолтите“ ќе ги играат како дел од групната фаза од ЕВРО 2020. Македонија првите две средби ќе ги игра во Букурешт, пред да замине за Холандија и во Амстердам да ги одмери силите со селекцијата на Холандија.

УЕФА попладнево и официјално потврди дека добила информации од локалните власти, при што романските и холандските власти потврдиле дека се подготвени за да примат навивачи за претстојниот европски шампионат.

„Амстердам, Букурешт, Копенхаген и Глазгов потврдија дека ќе можат да примат 25-33% од вкупниот капацитет на стадионите. Покрај тоа, Амстердам, Букурешт и Копенхаген ја оставаат отворена можноста за уште поголемо зголемување на капацитетот, се во зависност од бројките и епидимиолошката слика на крајот од месецов“, објави УЕФА.

Воедно, европската куќа на фудбалот објави и дека од почетокот на мај ќе стартува продажбата на билети за земјите кои обезбедија пласман на ЕВРО 2020 преку баражите од Лигата на Нации (Македонија, Унгарија, Шкотска и Словачка).

Се вчитува...