Стојан Ѓуроски и Аликанте влегоа во одлична победничка серија во клучниот дел од сезоната во втората шпанска лига, врзувајќи четири триумфи и влегувајќи во игра во битката за влез во елитното друштво.
Аликанте вечерва беше домаќин на Паленсија, дуел што Ѓуроски и соиграчите го добија со 84-73, за четврта победа во низа во плејоф-лигата. Гостите три четвртини успеваа да одржуваат резултатска неизвесност, за Аликанте во последниот период конечно да се одлепи и да ја осигура значајната победа
Ѓуроски одигра 30 минути од оваа средба, период во кој реализираше седум поени, шест скокови и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА