Работнички убедливо славеше против Пелистер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Работнички убедливо со 3-1 славеше против Пелистер во првиот натпревар од 26. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Повеќе од убедливо издание на „романтичарите“ кои победата ја најавија уште во првото полувреме со головите на Марио Станковски во 22. минута и на Ѓурѓевиќ во 36. минута.

Во второто полувреме Стефан Јевтоски погоди во 65. минута за 3-0. Валентин Кочоски во 90. минута успеа само да постигне почесен гол за Пелистер за конечни 3-1.

 

Се вчитува...