Брегалница е се поблиску до Првата македонска фудбалска лига откако во 22. коло од Втората лига – Исток славеше со 0-2 на гостувањето против Плачковица, притоа искористувајќи го и ремито на Тиквеш со Росоман.
Стрелци на головите за Брегалница беа Мартин Стојанов од пенал во 45. минута и Муарем Муарем во 85. минута.
Кит Го запиша нова победа, славејќи со 0-1 против Осогово во Кочани. Стрелец на голот за пехчевци беше Бошко Ступиќ во 82. минута од средбата.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (22. КОЛО)
Осогово – Кит Го 0-1
Плачковица – Брегалница 0-2
Росоман – Тиквеш 1-1
Кожуф – Каменица Саса 1-0
Победа – Слога Виница 0-0
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА