Битолска доминација во „Автокоманда“ (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер уште еднаш потврди дека разликата во квалитет во однос на Металург од година во година е се поголема, триумфирајќи со десет гола предност на денешното гостување во „Автокоманда“.

Факт е дека и Металург е се подалеку од стандардите и формата на овој клуб од претходните години, но и „пелистерци“ покажаа квалитет, но и карактер, одржувајќи го нивото на игра во текот на сите 60 минути, не дозволувајќи домаќинот да се врати и во периодот кога победникот веќе беше решен.

За битолчани останува да се надеваат на чудо и преубедлива победа над Вардар во клучната битка за титулата (по поразот во Скопје), додека на Металург со ваква игра не му се пишува ништо добро. „Металурзите“ во првите пет кола имаат една победа и едно реми, па со право сега стравуваат и дека нема да можат да излезат во ракометна Европа наредната сезона.

Се вчитува...