Реал Мадрид подготвува ремонт во кошаркарскиот колектив, сосема принудно по заминувањата на Аргентинците Кампацо и Дек во НБА-лигата. Французинот Поарие ќе пристигне веднаш за засилување за завршницата во Ендеса-лигата (ќе нема право за настап во Евролигата), а „кралевите“ во меѓувреме договорија уште еден фантастичен трансфер.
Американецот Пјер Хенри на крајот од сезонава ќе ја напушти Басконија и ќе му се приклучи на тимот на Пабло Ласо, откако биле договорени сите детали од трансферот. Станува збор за извонреден експлозивен бек, кој го краси и агресивност во одбраната, чии квалитети ќе му бидат добредојдени на тренерот Ласо. Хенри беше меѓу најзаслужните за ланската титула на Басконија во Шпанија, но сега е решен да си замине и да се пресели во клуб во кој ќе има повеќе шанси за трофејот во Евролигата.
Американецот сезонава има просек од 10 поени и 7 асистенции во елитното европско натпреварување, но со Басконија не успеа да се пласира ниту во Топ 8 фазата.
Покрај Хенри, се очекува Реал да го комплетира и трансферот на Ертел, кој токму поради преговорите со „кралевите“ беше суспендиран, а потоа и отпуштен од Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА