Импресивно деби на Митрашиновиќ за Баскет Кам

Анжелика Митрашиновиќ имаше импресивно деби во дресот на Баскет Кам, предводејќи го овој тим до убедлива победа од 88-53 над Струга во првото коло од Супер-лигата во женска конкуренција.

Македонската репрезентативка пристигна во Баскет Кам како суперзасилување во битката за трофејот и веднаш покажа дека е подготвена да одговори на тој предизвик, доминирајќи на теренот заедно со Ивана Кметовска. Стружанки успеаја да парираат едно полувреме (45-37), за до крајот на мечот Баскет Кам да наметне ритам што противникот не можеше да го следи и да триумфира со убедливи 35 поени разлика.

Митрашиновиќ го заврши мечот со извонредни 33 поени, 9 скока, 8 асистенции и 7 украдени топки, додека Кметовска оствари дабл-дабл од 29 поени и 15 скокови.

Се вчитува...