Изминатиов викенд на барање на ББФФМ се одржа работен состанок меѓу, Комисијата за работа во услови на пандемија при ББФФМ во состав: М-р. Ирена Митровска, М-р. Мартин Видоевски, како членови на комисијата и Бобан Ѓороски од една страна и Силвија Митевска, советничка за спорт на Премиерот на Владата на РС Македонија, како домаќин организатор на средбата, и Наумче Мојсовски, Директор на Агенцијата за млади и спорт.
Средбата се одржа преку видео конференција на интернет. Тема на средбата беше моменталната забрана за работа на фитнес-клубовите и тековните проблеми кои федерацијата се обидува да ги реши во последните неколку години, поврзани со незаконско работење на голем дел од бодибилдинг и фитнес клубовите на територијата на Македонија, поради неусогласеноста со Законот за спорт и работење без соодветно Решение за вршење дејност спорт, како и ангажирање на не соодветни стручни лица, тренери/инструктори во клубовите.
Комплетното Известување до медиумите за работниот состанок ви го пренесуваме во целост!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА