Tрагедија во Хрватска: Почина 24-годишен фудбалер, кој колабираше сред натпревар

Фудбалерот на НК Оток, Дејан Оршуш починал откако вчера му се слошило за време на натпреварот против Раднички во втората општинска лига во Хрватска.

Неговиот клуб е обвиен во црно по жалната вест, а 24-годишникот починал од срцев удар. Колабирал за време на натпреварот со Раднички и веднаш бил префрлен во болница во Чаковец. За жал му немало спас, па докторите само прогласиле смрт.

Оршуш зад себе остави бремена сопруга.

 

https://www.facebook.com/NkOtokk/posts/2920684778207579

Се вчитува...