Кошаркарите на Зенит вечерва го совладаа Панатинаикос со преубедливи , триумф со кој рускиот претставник за првпат во клупската историја се најде во четвртфиналето од Евролигата. Валенсија до последен момент се надеваше на „кикс“ на Зенит, но Русите не ни помислија на такво нешто, доминираа од почеток до крај и заслужено славеа со 112-83.
Кевин Пангос имаше извонредно шутерско шоу, погоди седум тројки и го заврши мечот со фантастични 33 поени и 11 асистенции. Вил Томас постигна 18, а Били Берон 13 поени за победничкиот тим, додека кај Панатинаикос единствена светла точка беше Недовиќ, кој реализираше 20 поени.
На триумфот на Зенит се израдуваа и кошаркарите на Монако, кои како финалисти во Еврокупот сега имаат загарантирано место во Евролигата за наредната сезона. Доколку Валенсија беше осма, тогаш само победникот на Еврокупот ќе добиеше билет за Евролигата, но во ситуација кога шпанскиот тим е елиминиран, сега двете најдобри екипи од ова натпреварување ќе добијат билети за елитното европско натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА