AKK Рено Спорт носи девет млади надежни македонски тркачи на FIA CEZ натпревари во Европа
Twingo Cup се враќа по пауза од една година поради пандемијата предизвикана од Ковид-19 и тоа на повисоко натпреварувачко ниво FIA CEZ (FIA Central European Zone). Новата сезона стартува овој викенд со закажани две трки на 17.04.2021 год. (сабота) во Унгарија на легендарната патека „Хунгароринг“. Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021 POWERED BY GLASO.
Македонија ќе ја претставуваат Ненад Костовски, Иван Стефановски, Давид Малинковски, Мартин Костовски, Слободан Трајковски, Емил Нацка, Ангелче Стојковски, Владимир Тренески и Милан Ѓорѓевиќ. Во сабота “силите ќе се мерат” со останати 19 други натпреварувачи од Словенија, Србија и Унгарија.
За време на тренинзите и трката ќе бидат испочитувани сите протоколи за заштита од Ковид 19.
Оваа втора сезона покрај две кружни трки во Кичево и две ридски трки на домашно тло, Купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во: Серес – Грција (Јуни), Гробник – Хрватска (Јули), Словакиаринг – Словачка (Август), Red bull Ring – Австрија (Септември) и финална трка за заокружување на сезоната повторно во Серес – Грција (Ноември) CEZ во организација на АКК Рено Спорт Скопје.
Голема благодарност до нашите поддржувачи: Аутомотив Груп, RENAULT, Триглав Осигурување, Power Sport System (PSS) и Шпаркасе Лизинг кои овозможуваат трките да се организираат на високо ниво како на домашните така и на меѓународните автомобилски патеки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА