Најавени тимови за ЛШ: Двајца важни играчи се враќаат кај ПСЖ

Маурицио Покетино доби одлична вест во пресрет на вечерашниот реван против Баерн Минхен, откако стратегот на ПСЖ дозна дека повторно ќе ги има на располагање Марко Верати и Алесандро Флоренци. Двајцата италијански репрезентативци се вратија по репрезентативните обврски назад во Франција позитивни на коронавирус, поради што не настапија на првиот меч со Баерн.

Сепак, Флоренци и Верати имаат по два негативни тестови, па ќе бидат во комбинација за настап на денешниот дуел. Се очекува Верати да биде стартер, додека Покетино се уште е во дилема дали Флоренци да почне од првата минута или шанса да добие Дагба. Отсуството на Маркињос е сериозен проблем, па ќе биде интересно да се види како ќе функционира одбраната на ПСЖ против одличниот напад на Баерн, каде повторно ќе недостигаат Левандовски и Гнабри.

Порто брка негатива од два гола на дуелот со Челси на неутрален терен во Севилја. Португалците се сериозно засилени во однос на првиот дуел бидејќи по суспензијата им се враќаат најдобриот играч Оливеира, како и иранскиот голгетер Тареми, кој доби црвен картон на реваншот со Јувентус.

ПСЖ – БАЕРН

ПСЖ: Навас, Флоренци, Данило, Кимпембе, Диало, Геје, Паредес, Верати, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

Отсутни: Маркињос, Бернат, Икарди, Курзава.

БАЕРН: Нојер, Павар, Боатенг, Хернандез, Дејвис, Кимих, Алаба, Сане, Милер, Коман, Чупо Мотинг.

Отсутни: Левандовски, Гнабри, Толисо, Зуле.

ЧЕЛСИ – ПОРТО

ЧЕЛСИ: Менди, Азпиликуета, Зума, Рудигер, Џејмс, Чилвел, Канте, Жоргињо, Маунт, Пулишиќ, Вернер.

Отсутни: Кристенсен, Тијаго Силва.

ПОРТО: Маркесин, Манафа, ПЕпе, Мбемба, Заиду, Корона, Оливеира, Урибе, Отавио, Марега, Тареми.

Отсутни: /

Се вчитува...