Вардар прокнижи нови бодови во ракометниот плејоф откако славеше на дуелот со Пролет со резултат 30-24. Гостите изненадија со добар отпор во поголемиот дел од натпреварот, но „црвено-црните“ во последните петнаесетина минути успеаја да се одлепат и на крајот да слават со конечни плус „плус шест“.
„Црвено-црните“ фуриозно го почнаа мечот, поведувајќи со 5-2, потоа со 7-3 и со 9-4, но Пролет одговори со подобра игра во завршницата од првото полувреме. Вардар не постигна гол во последните пет минути од полувремето, а гостите го искористија тоа и намалија до 15-13 до крајот на полувремето. Пролет одлично парираше и во второто полувреме, во кое ја одржуваше разлика на „плус два“ (20-18 и 21-19), но „вардарци“ одиграа фуриозно во финишот и на крајот заслужено славеше со 30-24.
Тимур Дибиров беше прв стрелец на мечот со девет постигнати гола, по пет постигнаа Талески и Јагуриновски, додека во редовите на Пролет најефикасни беа Аларов со седум и Давитковски и Пецаковски со по пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА