Триумф на ЦСКА над Панатинаикос во последниот меч од регуларниот дел во Евролига

ЦСКА Москва го совлада Панатинаикос со 93-86 во последниот натпревар од регуларниот дел од кошаркарската Евролига.

Русите уште од самиот старт уфрлија во поголема брзина и без проблеми стигнаа до нов триумф во елитното натпреварување.

Лундберг со 19 и Клејборн со 18 поени беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Папапетру заврши со 15 поени.

ДВОЈКИ ЧЕТВРТФИНАЛЕ ЕВРОЛИГА: 

Барселона – Зенит

Анадолу Ефес – Реал Мадрид

Милано – Баерн

ЦСКА Москва – Фенербахче

Се вчитува...