Ракометното езерско дерби меѓу Струга и Охрид во Супер-лигата заврши без победник, 17-17 (8-8) низ максимално драматичен натпревар со до крај неизвесна завршница.
Охриѓани подобро го почнаа мечот стекнувајќи се со постојана предност во првото полувреме од два гола. Но, по 6-8 во финишот на првиот дел домашните успеаја да дојдат до 8-8.
Во второто полувреме се играше максимално израмнето. Охрид повторно дојде до предност од два гола, 14-16 на седум минути пред крајот. Сепак, со два гола на Рајатовски успеаја стружани да израмнат, потоа и за 17-17 и откако охриѓани направија пробивање во последната минута, во самиот финиш Струга доби пенал за победа. Но, ударот од седум метри не успеа да го реализира Николиќ, за конечни 17-17.
Најефикасен кај домашните беше Вукашин Ракочија со пет гола, а по три постигнаа Рајатоски, Николиќ и Пајкоски. Кај Охрид, Денис Тот и Бојан Блажески постигнаа по пет гола, а со три завршија Мартин Манасков и Игор Чагаљ.
Охрид сега е на третата позиција на табелата во плеј-офот од Суперлигата со 8 бода, а Струга е на седмото место со три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА