Сара Ристовска: Добро ги анализиравме Романките, со многу дисциплина можеме да ги изненадиме

Македонските ракометарки денеска го одработеа и последниот тренинг од мини-подготовките во Скопје во пресрет на баражот за СП 2021 против Романија. „Црвено-жолтите“ утре попладне патуваат за Букурешт, каде в сабота ќе го одиграат првиот дуел од двомечот со големиот фаворит.

Сара Ристовска игра во животна форма, беше најзаслужна за трите победи на претквалификацискиот турнир, ја предводеше и ЦСКА до историски пласман на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите, а сега ќе се обиде и со националниот тим да стигне до едно големо натпреварување.

„Имавме одлична атмосфера за време на овие подготвки. Работевме доста напорно, имавме можност да гледаме неколку натпревари на Романките, мислам дека добро ги анализиравме. Свесни сме дека не очекуваат тешки натпревари, но со многу дисциплина во играта и голема одговорност верувам дека можеме да направиме изненадување и верувам во позитивен резултат“, изјави Ристовска по денешниот тренинг.

Се вчитува...