Емери по триумфот над Динамо: Бевме максимално озбилни, Динамо е талентирана екипа

Европската бајка за Аријан Адеми и Динамо заврши во четвртфиналето на Лига Европа откако во двомечот против Вилјареал, хрватскиот состав забележа два пораза. На „Максимир“ резултатот гласеше 0-1, додека вчерашниот меч во Шпанија повторно му припадна составот на Унаи Емери, славејќи со 2-1.

По натпреварот тренерот на шпанскиот тим не го криеше задоволството од успехот, потенцирајќи го талентот на загрепскиот состав.

„Одигравме добро, ја покажавме својата најдобра игра како индицидуално, така и тимски. Имавме озбилен пристап на натпреварот со целосен почит кон Динамо. Бевме свесни дека Динамо е динамична и талентирана екипа па сакавме да шпекулираме како ќе се одвива натпреварот, туку влеговме во неа со цел повторно да победиме. Идеата беше да бидеме стрпливи и постојано да ја деактивираме играта на Динамо. Затоа вршевме агресивен пресинг, настојувавме да ја оневозможиме нивната игра. Бевме максиламно озбилни“, изјави Емери по мечот.

Во полуфиналето на второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа, Емери ќе се сретне против својот поранешен тим, Арсенал.

Се вчитува...