Харис од ТФТ – МВП на БИБЛ лигата, место во првата петорка и за Ливингстон од Куманово (ФОТО)

Македонските претставници во БИБЛ лигата, ТФТ и Куманово своите настапи во интернационалното натпреварување го завршија во втората фаза, но одличните претстави на кошаркарите на „црно-белите“ и „сино-белите“ не останаа неприметени од раководството на лигата.

Имено, МВП наградата за сезоната 2020/21 му припадна на бекот на новлијата ТФТ, Тај Харис кој белскаше на паркетот. Американецот на 14 одиграни средби оваа сезона оствари просек од 18.6 поени, 7.5 асистенции и 3.8 скока со рејтинг на ефикасност од 20.3. Харис беше клучен играч на младиот состав, а нему му припадна на наградата за најкорисен играч на месец ноември.


Покрај Харис признание доби и Отис Ливингстон, за кој имаше место во идеалната петорка на лигата покрај сонародникот од ТФТ. Бекот на Куманово го препороди „сино-белиот“ тим по неговото пристигнување на северот на Македонија, а во осумтте натпревари кои ги одигра за македонскиот состав во ова натпреварување забележа просек од 18.0 поени, 6.1 асистенција и 3.3 скока.

Се вчитува...