Скопското дерби секогаш има посебен шарм (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Металург и Вардар одиграа бројни суперинтересни пресметки во изминатите години, па нивните дуели имаат посебен шарм дури и кога разликата во квалитет е очигледна, а формата на двата скопски ривали дијаметрално спротивна.

Вардар го заокружи првиот круг од плејофот со перфектни „седум од седум“, но до триумф во „Автокоманда“ стигна многу потешко од очекувањата. Металург одигра одлично прво полувреме во кое имаше и „плус три“, но ограничениот ростер и фактот дека целиот притисок во нападот падна врз една постава си го стори своето, избраниците на Марковски во вториот дел загубија здив, а Вардар знаеше како да го искористи тоа и да стигне до победата.

За „црвено-црните“ ова беше уште еден значаен чекор кон нова титула, додека најновиот пораз уште повеќе ја компликува ситуацијата за „металурзите“, кои не само што се предалеку од водечката двојка, туку по последните резултати се со минимални шанси за третото и четвртото место кои водат во ракометна Европа.

Се вчитува...