Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа го освои трофејот во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Калви, Франција.
На турнирот кој се игра на тврда подлога, Лина заедно со партнерката Амандин Ес, како први носителки, во финалето триумфираа против домашните тенисерки Одреј Алби и Леолија Жанжан, кои беа трети носителки на турнирот.
Ѓорческа и Ес славеа во два сета. За 1 часа и 32 минути игра, првиот сет го добија со 7-5 а потоа во вториот и со 6-4 за конечна победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА