Извонредна борба демонстрираа Австралиецот Роберт Витакер и Американецот Кевин Гастелум во главната борба од УФЦ-спектаклот кој се одржа синоќа.
Австралиецот по пет рунди спектакуларна борба во која тотално доминираше, победата ја однесе со едногласна одлука на судиите.
Витакер целосно доминираше над Гастелум, но Американецот успеа некако да издржи до крај без нокаут. Австралискиот борец сосема заслужено стигна до третата победа во низа. Со оваа победа Витакер се истакна како кандидат за реванш со Адесанјо, единствениот борец од кого досега загубил во средна категорија.
„Го почитувам Адесанјо и сега ќе мора да договориме борба на стадион. Ќе работам напорно, има уште трикови кои не ги видел“ – истакна Витакер по синоќешната борба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА