Навивачите ќе се вратат на трибините во Серија А од 1. мај?

Сезоната во Серија А влегува во својата завршница, а клубовите од калчолигата би можеле да добијат одлични вести, барем според првичните гласини кои кружат во Италија а кои најавуваат враќање на публиката на трибини.

Медиумите објавија дека се разгледува опцијата за враќање на навивачите на трибините во Серија А од први мај, но тоа само ќе се случи во регионите каде што мерките против Ковид-19 се намалени и не постои опасност од ширење на опасниот вирус.

Претходно, од Италија пристигна вест дека еден од градовите домаќини на Европското првенство (ЕП), Рим ќе дозволи да бидат исполнети и до 25% од капацитетите на трибините.

Се вчитува...