Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговиот Хувентуд пропуштија убава можност да слават против моќните „кралеви“ во АЦБ-лигата во Шпанија.
Реал Мадрид на домашен терен триумфираше со 101-92, благодарение само на извонредната последната четвртина која ја доби со 36-20.
А, во последниот период од играта Хувентуд влезе со седум поени предност (65-72). Сепак моќниот Реал Мадрид не дозволи да се случи изненадување, запишувајќи ја и 30-та победа во шампионатот, за зацврстување на лидерската позиција.
Димитријевиќ со одиграни 25 минути на паркетот, мечот го заврши со 13 поени, плус и три асистенции. Најефикасен кај Хувентуд беше Рибас со 20 поени. Во победничкиот тим предводеше Серхио Љуљ со 15 поении и пет асистенции, а Гаруба постигна 14 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА