Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
======================================================================================
ТИМ НА 28. КОЛО
Шкендија е на само една победа од резервација на шампионската титула. И сосема извесно тетовци сезонава ќе стигнат до трофејот, а второто место е резервирано за Шкупи. Интересна ќе биде битката меѓу Македонија ЃП и Струга ТЛ за третото место кое во Европа, а значително се засилува битката за опстанок откако сега во „игра“ за преселба во понизок ранг е и Борец. Најзагрозен е Вардар, кој по поразот од Академија Пандев е најблиску да се приклучи на Беласица на патот кон Втората лига.
=====================================================================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Марио Станковски (Работнички)
Се повеќе се издвојува во македонскиот шампионат. Прераснува во врвен офанзивец, кој редовно веќе е дел од стрелците на „романтичарите“. Постигна извонреден гол на дербито со Македонија ЃП, со кој донесе бод за Работнички.
===================================================================================
ТРЕНЕР-ПРАГМАТИЧАР НА КОЛОТО: Ќатип Османи (Ренова)
Стратегот на Ренова извлече максимум од својата екипа за повеќе од значајна победа против Силекс. „Гипсарите“ одиграа мудро прво полувреме реализирајќи две од неколкуте можности кои донесоа три бода против кратовци.
=======================================================================================
ГОЛ НА КОЛОТО: Робсон Да Силва (Македонија ЃП)
Уште еден неверојатен погодок на Робсон Да Силва. Бразилецот од Ѓорче Петров, без сомнение, е предодреден за евро-голови.
========================================================================================
ФОТО НА КОЛОТО: Фернандо го „смести“ Јанков во мрежата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА