Иднината на фудбалот се одлучува денеска во Швајцарија!

Европската Суперлига беше официјално потврдена со вчерашните најави на 12 клуба основачи. Светот ќе добие „елитна“ лига каде ќе ги гледаме натпреварите од најдобрите тимови во Европа од коло во коло, но ова е скоро затворен систем.

Повеќето учесници се веќе познати, па фановите ќе гледаат големите дерби натпревари од коло во коло, но прашање е колку тоа ќе ги задоволи навивачите. Денес ќе се одржи итен состанок во Монтре, Швајцарија. Претставниците на ФИФА, УЕФА, Серија А, ПЛ, Примера, вклучувајќи ги Лига 1 и Бундеслигата (лигата од која клубовите го отфрлија ЕСЛ проектот) ќе разгледаат понатамошни опции.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, известува дека сите претставници сè уште се обединети во една работа – 12 клуба основачи нема да имаат настапи во ЛШ и домашни шампионати!

Претходно, основачките тимови изјавија дека сакаат да останат во домашните натпреварувања. Останува да видиме што ќе се случи понатаму, засега не оди добро. Дури и ако проектот ЕСЛ биде запрен, расколот меѓу најмоќните ќе остане.

 

 

Се вчитува...