Жозе Мурињо денеска доби отказ од позицијата тренер на англискиот премиер-лигаш Тотенхем поради лошите резултати во домашниот шампионат и сензационалната елиминација во Лигата на Европа од Динамо Загреб.
Сепак, и покрај отказот Мурињо нема што многу да жали бидејќи како отштета ќе добие неверојатни 20 милиони фунти. Португалецот уште еднаш докажа дека и тоа како знае да се договори за својата плата, бидејќи и покрај катастрофалните резултати со Тотенхем кои ги има од неговото доаѓање во 2019 година тој барем на финански план нема проблем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА