Јувентус демантира дека Ањели си поднел оставка

Откако голем дел од светските медиуми пренесоа поради распадот на Суперлигата дека по Ед Вудворд нова жртва е претседателот на Јувентус Андреа Ањели кој си поднел оставка, од клубот ги демантираат гласините велејќи дека се производ на лажни вести.

Од италијанскиот шампион наведуваат дека ќе има состанок на клубовите членки на Суперлигата на кој ќе се реши што понатаму. Сепак, по се изгледа натпреварувањето ќе доживеа нсреќен крај бидеј англиските тимови, освен Ливерпул и Тотенхем веќе потврдија дека се повлекуваат, а на излезна врата се и Атлетико Мадрид и Барселона.

Од миланските Интер и Милан се уште нема никаков официјален став за целата ситуација.

 

Се вчитува...