Фуксе Берлин и Висла Плоцк им се приклучија на Рајн Некар Левен и Магдебург на историскиот прв фајнал-фор турнир во новоформираната ракометна Лига на Европа. Фуксе Берлин успеа во реваншот да ја анулира негативата од три гола од првиот меч, совладувајќи го на домашен терен францускиот Монпелје со 31-23. Ветеранот Линдберг со 12 гола беше прво име кај победникот.
Висла Плоцк ќе биде едиствениот не германски претставник на Ф4 откако во реваншот славеше со 31-26 против ГОГ и успеа да ги анулира трите гола негатива од првиот натпревар. Крајевски и Михиќ со по пет гола беа најефикасни кај победникот, додека кај поразените Гидсел заврши со истиот број на голови.
Фајнал-фор турнирот ќе се игра на 22. и 23. мај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА