Вардар и Шалке со години важат за збратимени клубови, впрочем германскиот прволигаш во моментите кога беше при врвот на Бундес-лигата дојде во Скопје за да одигра пријателски меч со „црвено-црните“, а сега и двата клуба се соочуваат со огромна криза.
„Вардарци“ едвај врзуваат крај со крај и водат битка за гол прволигашки живот, додека Шалке денеска и официјално ги загуби сите шанси за опстанок во елитното германско фудбалско друштво. Во јануарскиот преоден рок Шалке врати дел од поранешните фудбалери како Колашинац и Хунтелар, во одбраната беше доведен искусниот Мустафи од Арсенал, но тие само се вклопија во сивилото на клубот од Гелзенкирхен.
Вечерашниот пораз од Арминија од 1-0 значеше и математичко губење на сите шанси на „сино-белите“ , кои во следната сезона ќе бидат дел од Втората лига. Испаѓањето е апсолутно заслужено ако се земе во предвид катастрофалната форма на тимот во текот на целата сезона, во досегашните 30 натпревари Шалке забележа само две победи, бројка со која е јасно дека губењето на прволигашкиот статус беше неизбежен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА