Челси и Брајтон одиграа без голови 0-0 во натпревар од 32. коло во англиската Премиер-лига. Сепак, главна вест вечерва е тоа што фудбалот доживеа голема победа откако пропадна најавуваниот проект за почеток на Суперлига во која ќе учествуваат само најмоќните тимови во Европа.
Целата револуција и победата на фудбалот почна токму во Лондон, пред „Стемфорд бриџ“ каде најверните фанови на „сините“ не дозволуваа клупскиот автобус да влезе на стадионот поради тоа што Челси беше еден од тимовите кои што требаше да учествува во новото натпреварување. Раководството на лондонскиот клуб падна под притисокот на навивачите и беше првиот кој излезе со соопштение дека ќе ја напушти Суперлигата.
Потоа само се редеа тимовите, а голем дел од заговорниците за ова натпреварување си поднесоа оставка.
Фановите на фудбалот ширум светот вечерва успеаја да го спасат фудбалот и да остварат голема победа над моќниците кои што сакаа да ја приватизираат најважната споредна работа во светот.
Добра ноќ и мирни сни… Фудбалот не е мртов!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА