Суперлигата на Европа што беше гламурозно најавувана пред два дена издржа точно толку, околу 48 часа. Вечерва околу полноќ шесте англиски премиерлигаши објавија дека ја напуштаат идејата за приклучување на новиот проект, а по нивни стапки тргнаа и италијанскиот гигант Милан и лидерот на Ла Лига, Атлетико Мадрид, кои според најавите веќе ги подготвуваат клупските соопштенија за повторно приклучување кон ЕКА и кон УЕФА.
Се очекува во нареднитее часови со слични соопштенија да се јават и останатите тимови, со што и дефинитивно ќе биде „закопан“ проектот наречен Суперлига, кој експресно изгоре во борбата со УЕФА за превласт во европскиот клупски фудбал.
Според првичните најави, проектот ќе биде прогласен за „привремено стопиран“, но јасно е дека по ова фијаско најголемите клубови нема да можат да се соберат и да склучат сличен договор, откако стана јасно дека ниту огромната финаниска придобивка од Суперлигата не беше доволна за да се покрие незадоволството кај фановите кај англиските фанови, кои со бурната реакција во изминатите два дена дадоа свој придонес за овој голем пресврт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА