Регуларниот дел од сезоната во второлигашката кошарка донесе многу возбудувања и интересни натпревари на терените ширум Македонија, а по 18 одиграни кола екипите на Феникс 2010, Ангели, Шкупи, Борец Баскет, Чаир 2030, Партизан Водно Санс, Тетекс ТКК и Хераклеа се оние кои го најдоа своето место во разигрувањето за титула и место во „елитата“ следната сезона.
Четвртфиналните двојки се следните: Феникс 2010 (1) и Борец Баскет (4), Ангели (2) и Шкупи (3) од групата „Исток“ и Чаир 2030 (1) и Хераклеа (4), односно Партизан Водно Санс (2) и Тетекс ТКК (3) од групата „Запад“.
Плеј-оф воздувањата започнуваат денеска од 13 часот и 30 минути во „Шабан Трстена“ каде Чаир 2030 ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога против составот од Велес. Чаирчани во регуларниот дел од сезоната остварија учинок од 17 победи само еден пораз, но хендикеп за скопскиот состав денеска ќе биде отсуството на Јетмир и Лејсон Зекири, кои немаат право на учество поради исклучувачките лични грешки на мечот против Тетекс ТКК во последното коло.
Час подоцна, од 14 и 30 во Кисела Вода ќе се одигра натпреварот помеѓу Ангели и Тетекс ТКК. Скопскиот состав е еден од фаворитите за плсман во „елитата“, но ќе мора да ја помине првата пречка. Тетовскиот состав оваа сезона знаеше како против фаворизирани екипи, па дали „сино-белите“ можат да изненадување останува да видиме.
Денешната програма ќе биде комплетирана со натпреварот помеѓу Феникс 2010 и Хераклеа од 15 часот. „Фабриката“ за таленти оваа сезона има одличен состав со склоп од млади перспективни кошаркари и веќе искусни играчи кои неколку години бележат настапи во Првата лига па ќе биде интересно да видиме како битолскиот состав ќе се спротивстави на денешниот противник.
Првата рунда од плеј-офот ќе биде комплетирана утре со почеток од 18 часот и 10 минути во „Јане Сандански“ каде Партизан Водно Санс ќе го пречека Шкупи во скопското четвртфинално дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА