Вчерашниот ден беше одбележан со веста за распаѓањето на Суперлигата, по што следеше славје на љубителите на фудбалот, но меѓу нив не се најдоа и навивачите на Шалке, чиј кошмар беше реализиран со поразот на својот миленик на гостувањето против Билефилд од 1-0, што и дефинитивно значи преселба на клубот од Гелзекирхен во вториот ранг на натпреварување во Германија.
Револтот од лошата работа со клубот во последните години, околу 500 симпатизерите на Шалке го изразиле по мечот кога во кругот на стадионот ги пречекале фудбалерите на клубот, а потоа организирано ги нападнале. Како што пренесуваат германските медиуми, фудаблерите биле навредувани, а потоа и гаѓани со јајца, а само полицијата спречила незадоволството да ескалира со физичка пресметка.
Schalke fans hunting their players after relegation.#Schalke #DeutschlandHooligans pic.twitter.com/TXxWNpPRee
— CowdenbeathHooligan (@CowdenbeathH) April 21, 2021
За целата ситуација со соопштение излезе и самиот клуб кој остро ги осуди нападите и најави кривични пријави за „хулиганите“.
„Клубот никогаш нема да прифати физични напад на играчите и вработените во клубот. Тоа што се случи претходната вечер во акцијата на поединци. Најстрого ги осудуваме нападите и сите ќе бидат казнети, истрагата е во тек“, стои во соопштението на Шалке.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

