Коронавирусот во најлош момент го нападна Фенербахче: Без Кокошков и шест играчи на мегдан против ЦСКА

Вчерашните четвртфинални дуели во Евролигата донесоа одлични натпревари по кои во водство од 1-0 стигнаа Анадолу Ефес и Милано, а богатата програма продолжува денеска со натпреварот помеѓу ЦСКА Москва и Фенерхаче од 19 часот, во кој гостите од Труција ќе настапат „преполовени“ поради позитивни случаи на коронавирус.

Како што стои во соопштението на клубот, последните тестирања потврдија присуство на вирусот кај тренерот Игор Кокошков и пет кошаркари, кои покрај повредениот Јан Весели воопшто не отпатуваа во главниот град на Русија.

Без шефот на стручниот штаб и дури шестмина кошаркари, тешко е да се поверува дека Фенер ќе може да избегне убедлив пораз на овој натпревр.

Се вчитува...