Супер-тимот на Бруклин Нетс се наоѓа на прагот да избори место во плејофот на НБА лигата, но „црно-белите“ се соочуваат со дополнителни проблеми откако беше потврдено дека повредата на Џејмс Харден е посериозна од очекуваното.
Имено, суперѕвездата на тимот ја повреди задната ложа претходната недела, првичните најави беа дека отсуството ќе биде четири до пет дена, но од клубот сега изјавија дека времето на неговото враќање на теренот останува непознато.
„Се вративме на почеток на рехабилитацијата. Ќе се врати кога ќе биде подготвен за тоа. Можеби тоа ќе биде плеј-офот, а можеби и претходно“, кратко изјави тренерот на тимот, Стив Неш.
Бруклин мака мачи со повреди оваа сезона. Од триото Ирвинг-Харден-Дурент во моментот повреден е и Кевин Дурент, но и покрај тоа нивното отсуство не се одразува драстично на натпреварите на составот од Њујорк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА