Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби од соодветната селекција на Црна Гора со 0-1 на вториот пријателски натпревар кој се одигра на теренот на ФФМ во Скопје.
По ремито (1-1) на првиот меѓусебен дуел, Црногорците триумфираа со погодокот на Марко Перовиќ во 63. минута од средбата.
Селекторот Тони Јакимовски на дуелот со Црна Гора настапи со следниот состав: Јовановски, Меличи, Стојанов, Ѓоргиевски, Назифи, Столевски, Каба, Аризанковски, Таири, Бундалевски и Сулејман. Уште играа и Талевски, Јовановиќ, Јаневски, Беќири, Јовановски, Нухија, Закоски и Величковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА